https://www.facebook.com/photo?fbid=616459823178265&set=pcb.616459909844923

02.08.2022 Скопје

По речиси две децении, по решавањето на спорот меѓу двете цркви, Србија за прв пат и дозволи на Македонија да го одбележи 2 Август во манастирот Прохор Пчински. Во параклисот на манастирот, во кој на денешен ден во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ, е поставено двојазично обележје и на македонски и на српски јазик.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, истакна дека во манастирот се слави и вториот Илинден, денот кога во 1944 година се поставени темелите на македонската државност.

Покрај претседателот Стево Пендаровски, кој положи венец во чест на АСНОМ, на 60 делегати кои учествувале на Првото заседание на АСНОМ чест им оддадоа и претставници на Сојузот на борците на Македонија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и неколку пратеници.

Претседалот Стево Пендаровски изјави дека манастирот Прохор Пчински е местото каде што е формирана современата македонска држава и од различни причини до сега се правеле некои алтернативни паралелни прослави во близина, но не и токму на тоа место каде што е навистина одржано историското заседание на АСНОМ. Воедно, се надева дека ова е почеток на една добра традиција, во која 2 Август ќе се прославува токму во манастирот Прохор Пчински и оттука натаму, како што кажа претседателот, со сите нишани ќе продолжат да одат за да одадат почит на оние кои ја формирале македонската држава во 1944 година. Пендаровски дополни дека со српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, договориле во најскоро време да се формира работна група на ниво на министерства за надворешни работи, која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави. Исто така, потсети и дека Скопје и Белград имаат стар договор од 2 000 година околу одбележување на културно-споменични обележја во двете земји.

Додека пак, српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, кој ја предводеше српската делегација на одбележувањето на Илинден во манастирот Прохор Пчински, изјави дека Сербија е секогаш за јакнење на политиката на добрососедство.

Пред заминувањето во манастирот Прохор Пчински, претседателот Стево Пендаровски положи венец на спомен обележјата на паднатите борци од НОБ и генералот Михајло Апостолски, како и на обележјата на претседателот Киро Глигоров и претседателот Борис Трајковски, со што искажа длабока почит за дадениот огромен влог за нашата современа македонска држава и за пожртвуваноста на паднатите борци кои се бореа и се изборија за денес ние да ја живееме слободата благодарејќи на нив.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author