25.08.2022 Скопје
По поразот на вонредните локални избори, лидерите на опозициските партии со денови не се појавуваат во јавноста, ниту пак на социјалните медиуми. Дали сите заедно чекаат насоки од Будимпешта ќе видиме многу наскоро, се вели во соопштение од партијата на власт. Од партијата се наведува дека лидерите на опозициските партии се зашеметени од поразот на локалните избори, не знаат што да изјават откако добија шлаканица од народот, кои им упатија јасна порака, дека се против блокади и деструкции, дека сакаат напредок, развој, европска иднина и европски вредности. Пораките од вонредните избори се многу јасни, двојната победа на партијата на власт и коалицијата на изборите за градоначалник во двете општини, Маврово-Ростуше и Центар Жупа и преполовената поддршка во Општина Тетово. Тоа е пораз на антиевропската коалиција, се вели во соопштението од партијата на власт.
Подготвено од М.Н.