08.08.2022 Скопје
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН, на прес-конференцијата во Токио соопшти дека по децениското отсуство, ризикот од нуклеарна конфронтација се вратил. Гутереш ги повика земјите со нуклеарно оружје да се заложат дека нема да бидат први што ќе го користат.
Генералниот секретар на ОН предупреди дека секој напад на нуклеарна централа е „самоубиствен“, потенцирајќи на новото гранатирање на украинската нуклеарна централа Запорожје, која е најголема во Европа. Исто така, додаде дека се надева дека МААЕ ќе може да добие пристап до централата, а дека тие напади ќе престанат.
Подготвено од А.Ѓ.