https://www.facebook.com/photo.php?fbid=634361921378665&set=pb.100044145893852.-2207520000..&type=3

20.08.2022 Скопје

На вонредна седница пратениците на собранието на Црна Гора, синоќа го изгласаа предлогот за недоверба на Владата предводена од Дритан Абазовиќ по поднесената иницијатива од партијата на Мило Ѓукановиќ.

Гласале вкупно 51 пратеник од кои 50 гласале за недоверба на Владата а еден пратеник бил против. Владата на Абазовиќ ќе биде во технички мандат до избор на нов кабинет или до нови предвремени парламентарни избори.

Владата на Абазовиќ беше избрана на 28 Април, а заедно со неговото движење УРА и просрпската СНП, во неа влегоа СДП и малцинските партии на Хрватите, Бошњаците и Албанците, додека претставниците на ДПС на Ѓукановиќ ја поддржаа, но не учествуваа во неа.

Подготвено од М.Н.

About Author