15.08.2022 Скопје
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на денешната прес-конференција истакна дека, Владата има донесено три одлуки за донирање на воена опрема на Украина. Но, министерката не откри детали за каква поточно воена опрема станува збор.
Една од одлуките е за да се донираат тенковите кои веќе граѓаните ги видоа на патиштата низ Македонија. Транспортот на тенковите беше видлив, но ние нема сега да соопштуваме за колкава количина на воена опрема станува збор.
Одлуката е донесена врз тоа да се помогне на тој што е нападнат, а не на тој што напаѓа, истакна министерката Петровска на прес-конференцијата.
Петровска додаде дека одлуките за донација на воена помош на Украина е апсолутна одлука на Република Северна Македонија, без разлика на тоа што сме земја членка на НАТО.
Подготвено од М.Н.