19.08.2022 Скопје
Министерот Бујар Османи, во вчерашна емисија на домашните медиуми, одби искрено да одговори она што сите го знаеме, за да не ги налути бугарските власти бидејќи работи во нивни интерес. Јасно е дека властите имаат за цел да ја рехабилитираат фашистичката историја на штета на партизанската и македонската-во целост. По низа на скандалите со Историската комисија, Османи дозволи да увидиме во која насока се движат работите. Османи кажа дека политичарите од Владата нема да ја интерпретираат историјата, тоа е оставено да го реши Историската комисија, за чии резултати сме веќе запознаени. Прашањето кое го налути Османи и кое не сакаше да го одговори гласеше, дали Македонија во втората светска војна била окупирана од бугарската фашистичка држава, под Цар Борис Трети, по кој е именувано новото контроверзно здружение во Охрид. Со реакции од гостувањето на Османи во вчерашната емисија, се јавија со соопштение и од опозициската партија на Северна Македонија. Целта на тие политичари, сепак, е да ја спроведат анти-македонската, антисематска и ревизионистичка агенда, стои во реакцијата на опозициската партија.
Подготвено од М.Н.