https://www.facebook.com/photo/?fbid=637396771074981&set=pcb.637397251074933

29.08.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на маргините на традиционалниот 17-ти Бледски стратешки форум насловен „Владеење на моќта или моќта на правилата“, денес оствари средба со Лоранс Бун, државна министерка за Европа во француското Министерство за Европа и надворешни работи.

Министерот за надворешни работи на својот Фејзбук профил напиша дека за време на разговорот со Бун, упатил благодарност за ангажманот на францускиот претседател Макрон и на француското претседтелство со Советот на ЕУ за надминување на блокадата на нашиот евроинтегративен пат, што ја покажува посветеноста на Франција на европската перспектива на нашата држава.

Годинешниот Бледски стратешки форум ќе биде посветен на дискусиите за кризата за мултилатералниот поредок, последиците од руската агресија врз Украина и одговорот на меѓународната заедница на новите предизвици, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Подготвено од М.Н.

About Author