28.08.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи денес ги посети Требиште и Пустец и оствари средба со истакнати активисти и представници на македонското национално малцинство и носители на локалната власт.
Посетата на Османи е втора по ред во изминатите неколку месеци во оваа година, и е во рамките на континуираната соработка меѓу Министерството за надворешни работи и македонските здруженија во Албанија.
Во фокусот на разговорите беше положбата на македонското малцинство во Албанија и поддршката на македонските институции во тој контекст.
Министерот Османи ќе подготви информација до Владата и акциски план, како Северна Македонија и нејзините институции можат преку конкретни проекти да им помогнат на Македонците во Албанија. На средбата со представниците на Требиште се разговарало и за можниста за помена на работното време на граничниот премин Требиште-Џепиште, како исклучително важно прашање за македонското население во регионот на Голо Брдо. Се разговараше и за подобрување на условите за живеење и беа разгледани повеќе проекти поврзани со комуналното уредување на општината.
Во рамки на престојот на Пустец, Османи ќе ја посети и спомен-куќата на писателот Стерјо Спасе, проект што во рамките на ИПА-програмата на ЕУ беше реализиран од страна на Битолскиот завод-музеј и Дирекцијата за култура на Корча.
Подготвено од М.Н.