https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3156664121250609&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

30.08.2022 Скопје

Ситуацијата во Украина половина година по нападот од Русија не се подобрува, Европската Унија ќе продолжи да и пружа помош на земјата, иако резервите на оружје во земјите членки се намалува.

Шефот на Европската дипломатија Жозеп Борел ова го изјави по оддржаниот состанок со министрите за одбрана од земјите членки на Европската Унија. Борел се надева дека земјите ќе дадат зелено светло за обуката на украинските војници. Прва земја која што ја понуди својата територија за обука е Словачка, а нејзиниот министер за одбрана, Југослав Наѓ, потсетил дека земјата, како и Чешка тоа го понудиле уште пред една година.

Според чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова, најважна тема на неформалниот состанок на министрите е руската агресија во Украина.

Според експерти, еден од регионите надвор од ЕУ, што Русија активно настојува да го дестабилизира, е Западен Балкан.

Подготвено од М.Н.

About Author