18.08.2022 Скопје
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков одржа прес-конференција на која кажа дека Охридскиот маратон сепак ќе се одржи, а од следната година Општината Охрид ке ја превземе целата организација за маратонот. Пецаков кажа дека маратон ќе има, има две или три години неисплатен фонд кон пливачите, но ќе стори се што е во негова моќ бидејќи начинот на водење на маратонот од година во година постепено се уништува и тоа нема да го дозволи, затоа од следната година Општината Охрид ќе ја превземе целата организација на маратонот.
Оваа прес-конференција беше свикана од страна на градоначалникот Пецаков, откако предходно беше објавено дека маратонот нема да се одржи поради финансиски проблеми.
Подготвено од М.Н.