14.08.2022 Скопје
Ковачевски пред неколку недели говореше за изградба на пругата кон Бугарија, а пропуштил да каже дека поради неспособноста на неговата влада, Северна Македонија ќе плати 6,5 милиони евра казна за нереализирани средства поради неискористување на заем за изградба на пругата Бељаковци-Крива Паланка, обвинуваат во соопштение од опозициската партија. За ваква штета по буџетот, треба да поднесе одговорност или Ковачевски или Бочварски како ресорен министер додаваат од опозицијата.
Во дописот од оваа партија, потсетуваат дека владеачката партија има изгубено и 14 милиони евра од Европската Банка за изградба на штипската болница, кои беа стопирани како казна за тоа сто ништо не се градело цели 4 години. Поради власта сега нема нова болница во Штип, која требаше да биде капиталчен објект во здравството. Оваа штетност и криминогеност на власта е епска и треба што поскоро да падне бидејќи само така ке биде подобро за нашата држава, и треба да се соочат со казната од народот за сите нанесени штети и неодговорни политики, се дополнува во писмената реакција од опозициската партија на Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.