21.08.2022 Скопје
Опозициската партија вели дека издвојувала двојна победа на изборите во Тетово и побара предвремени парламентарни избори и оставка од премиерот Димитар Ковачевски.
Опозицијата ја победи власта во Тетово, владеачката коалиција нема никаков легитимитет за да продолжи да ја води државата, народот на овие избори јасно кажа дека власта веќе е минато. Очекуваме премиерот Ковачевски да го признае овој неочекуван пораз и да си поднесе веднаш оставка, само предвремените парламентарни избори се решение за напредок на нашата држава, изјавија од опозициската партија.
Власта владее без поддршка од народот, и работат само за себе и за своите криминални дилови, Ковачевски треба веднаш да си поднесе оставка бидејќи секој ден поминат на власт, ќе биде илјадници гласови минус за него на наредните избори.
Народот упати многу јасна порака, власта веќе нема никаков легитимитет во државата, не заслужуваат да бидат се уште на влас и да ја уназадуваат и предаваат нашата држава, се вели во соопштението од опозициската партија на Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.