13.08.2022 Скопје
По повод 21-годишнината од подпишувањето на Охридскиот мировен договор, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, упати честитки до сите граѓани на Северна Македонија потсетувајќи дека потпишувањето на овој правен акт е важен за перспективата на демократскиот развој на земјата. Груби го опиша Охридскиот договор како камен-темелник на сите демократски достигнувања на земјата и иницијатор на поглавјето на европското патување на земјата, сите сведочиме за револуцијата на прогресивната трансформација што овој правен акт ја предизвика во регулирањето на државата преку воспоставување на неопходните вредности на мир, еднаквост, консензуална демократија и социјална кохезија, рече Груби.
Груби смета дека никој не изгубил од еднаквоста, напротив, со договорот подобро се запознавме, ги продлабочивме меѓусебните вредности и во соживот успеавме да се интегрираме во НАТО, да напредуваме значително на патот на интеграцијата во Европската Унија со започнување на преговарачкиот процес, стои во упатената честитка на вицепремиерот Артан Груби до сите граѓани во земјава.
Подготвено од М.Н.