03.08.2022 Скопје
Откако западните земји воведоа санкции против Русија на почетокот на март годинава поради нападот врз Украина, Централната банка на Русија воведе ограничувања на клиентите на банките во Русија, со што клиентите не можат да подигнат повеќе од 10 000 долари или 9 734 евра, а износите над оваа сума може да се повлечат само во рубљи, но според курсот определен од Централната банка. Воедно, износите над оваа сума може да се подигаат само ако биле депонирани пред 9 март 2022 година, а банките можат да продаваат само долари и евра што ги набавиле пред тој датум.
Денес, Централната Банка на Русија објави дека овие ограничувања остануваат во сила до 9 март 2023 година.
Ограничувањата се воведени за поддршка на руската валута во услови на санкции.
Во Русија, забрането им е да повлекуваат евра и долари на странските компании и нерезиденти.
Подготвено од А.Ѓ.