12.08.2022 Скопје
Од Основниот кривичен суд Скопје известија дека судија на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО во врска со случајот со доктор Жан Митрев и донесе одлука за определување мерка за претпазливост за одземање на неговата патна исправа заради опасност од бегство.
Од Основното јавно обвинителство Скопје известија дека по утврдување на определни околности во текот на предистражната постапка, била донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело. Воедно, додадоа дека е сторено кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, со што во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена устаноа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, предизвикал заблуда кај пациентите лекувани од Ковид-19 со методот на хемофилтрација.
Подготвено од А.Ѓ.