03.08.2022 Скопје
По посетата на Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, односите меѓу Кина и Тајван достигнаа точка на вриење.
Денеска, Кина во неколку наврати го наруши воздушниот простор на островската земја, на што Тајпеј одговори со подигнување на нивото на борбена готовност и распоредување на ракетни системи за заштита на својата територија од евентуален напад од својот сосед.
Тајван, остров со 23 милиони жители на околу 160 километри од источниот брег на Кина, е под своја самоуправа, но Кина го смета како дел од својата територија.
Пред неколку години, кинескиот претседател Си Џимпинг ги подгреа тензиите меѓу двете земји, поради изјавата во која кажа дека островот природно и припаѓа на Кина и дека не исклучува воена интервенција во насока на остварување на големиот сон за Една Кина.
Тајванските специјални воени сили вршат воени вежби, а дел од населението се оспособува да може да се вклучи при евентуален конфликт, со давање медицинска помош.
Подготвено од А.Ѓ.