01.08.2022 Скопје
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, ја поддржа одлуката на Приштина за одложување на мерките за личните карти и регистарските таблички за еден месец, со што на твитер напиша дека отворените прашања треба да се решат преку дијалог со посредство на Европската Унија и да се фокусираат на сеопфатна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, што е од суштинско значење за нивната интеграција во Европската Унија.
Додека пак, одлуката за одложување на мерките ја поздрави и специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчал. Исто така, и Лајчак на твитер напиша дека ја поздравува одлуката на Косово да го прифати предлогот на Жосеп Борел за едномесечно одложување и Европската Унија очекува веднаш да се отстранат сите блокади на патиштата. Воедно, изрази благодарност до американската амбасада во Приштина за силната поддршка.
Подготвено од А.Ѓ.