07.08.2022 Скопје
Завојуваните Израел и палестинските милитанти од „Исламски џихад“, на предлог на Египет, се согласија да има прекин на огнот во Газа. Израел се согласил на прекинот на огнот, кој треба да стапи на сила во 19 часот по Гринич. Додека пак, Каиро се уште чека одговор од палестинските милитанти.
Израел, во текот на викендов, гаѓаше палестински цели, што ги натера милитантите да истрелаат ракети со долг дострел врз изралеските градови.
Разгорувањето на конфликтот, што потсетува на увертирата на претходните војни во Газа, ги загрижи светските сили.
Подготвено од А.Ѓ.