05.08.2022 Скопје
Чешкото претседателство со Советот на Европската Унија објави дека од следната недела ќе стапи на сила намалувањето на потрошувачката на гас од 15 отсто во ЕУ, за да се компензира намалувањето на испораките од Русија.
На својот твитер профил, чешкото претседателство истака дека Регулативата за намалување на побарувачката на гас е формално усвоена и текстот ќе биде објавен во службениот весник на почетокот на следната недела, а ќе стапи на сила еден ден по објавувањето.
Договорот за намалување на потрошувачката на гас од 15 отсто во Европската Унија беше постигнат на 26 Јули, на вонредниот состанок на министрите за енергетика на Европската Унија. Според Договорот, секоја земја ќе направи се што е во нејзина можност за да ја намали потрошувачката на гас во периодот од август 2022 година до март 2023 година, за најмалку 15 отсто во споредба со просекот од последните пет години во истиот период.
Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, ги повика земјите членки да се подготват за најлошото сценарио за прекин на снабдувањето со руски гас.
Подготвено од А.Ѓ.