https://commons.wikimedia.org/wiki/File:FRONTEX-EU_rgb.jpg

29.08.2022 Скопје

Граничната агенција на ЕУ Фронтекс соопшти дека речиси 1 милион руски граѓани влегле во Европската Унија во овие шест месеци откако нивната земја ја нападна Украина.

Во меѓувреме, околу 7,7 милиони украински граѓани влегле во ЕУ, а 4,7 милиони се вратиле во својата татковина по руската инвазија, соопштија од Фронтекс. Податоците доаѓаат додека ЕУ дебатира за забрана за издавање на визи за руските туристи, која беше јавно поддржана од Финска, Чешка и Естонија.

Чешката влада, наводно се очекува да предложи воведување на повисоки трошоци и време на обработка за категоричните визи за влез на Русите и Белорусите на состанокот на ЕУ следната недела.

Летонија, Литванија и Полска престанаа да издаваат нови туристички визи, Естонија пак им го забрани влезот на Русите што веќе добиле визи а Финска вети дека ќе го намали бројот на обработени руски барања за визи од 1 Септември.

Европската комисија соопшти дека барањата за руска виза треба да се оценуваат поединечно.

Подготвено од М.Н.

About Author