31.08.2022 Скопје
Во јавното предпријатие Паркови и зеленило пристигнале дури 77 пријави за различни локации и паднати дури 119 дрвја во градот. Од претпријатието соопштија дека интервенирале со ангажирање на 100 работници и механизација од 7 камиони и 2 платформи.
Екипите работеле до раните утрински часови, односно се до расчистување на сите паднати дрвја од невремето. Од Паркови и зеленило инфорнираат дека и во денешниот ден се уште има пријави и моментално се работело на неколку локаци односно во Чаир, Топанско поле, Карпош, Партизанска, Аеродром, кај Собранието на Град Скопје и ќе продолжат и во текот на денешниот ден онаму каде што има потреба од интервенција. Екипите се организираат и работат по приоритетен распоред, односно одат прво на тоа место каде што е најзагрозено од нанесените штети, изјавија од предпријатието Паркови и зеленило.
Подготвено од М.Н.