https://www.facebook.com/MunicipalityofOhrid/photos/4235084963196254

26.08.2022 Скопје

Советот на Општина Охрид на денешната седница донесе одлука за пренамена на два милиони денари за организацијата на овогодинешниот Охридски пливачки маратон. Со мнозинство гласови советниците ги усвоија предлог-програмата за измена на програмата на спорт и рекреација за 2022 година и предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Охрид за 2022 година.
Од општинската прес-служба информираат, согласно најавите и подготвениот план, Општина Охрид ги има започнато координативните подготовки и активности околу организацијата на оваа значајна спортска манифестација.

Веќе е формиран и организациски одбор, кој работи на подготовка на програмата и обезбедување на портебната логистика на овогодинешниот Охридски маратон.

Подготвено од М.Н.

About Author