08.08.2022 Скопје
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на цените на бензините и дизелот. Од ноќеска, по полноќ, се намалуваат цените на бензините за 3,5 денари и дизелот за 3 денари.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 3,00 денари/литар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 2,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 денари/килограм и сега ќе изнесува 52,786 денари/килограм.
Подготвено од А.Ѓ.