30.08.2022 Скопје
На вториот ден од презентацијата на Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето во Женева, делегацијата предводена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, учествувала на интерактивен дијалог со цел објаснување на постигнувањата на нашата држава во областа на правата на детето.
Определбата на нашата земја е повеќе од очигледна и ќе останеме доследни на истата во иднина, рекла министерката Тренчевска.
Од МТСП известуваат дека представниците од делегацијата ги одговориле прашањата кои се од интерес на нивното ресорно министерство и дале детален приказ на работата и заложбите на Република Северна Македонија.
Во фокус на дискусијата биле и лицата со попреченост при што министерката истакнала дека во една држава и да има само едно дете со попреченост треба да се превземаат политики и мерки како и да се овозможи негово вклучување во сите општествени сфери.
Подготвено од М.Н.