26.08.2022 Скопје
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека 1 Септември е рокот од кога ќе важи одлуката за регистарските таблички на северот на Косово.
Курти оствари средби со Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар во Приштина, по што изјави дека никој неможе да ги спречи косовските специјални сили да одат на северот на Косово.
Вчера по средбара со КФОР, Курти изјавил дека барикадите не се никакво решение, дека постојат државни механизми кои ќе реагираат и не само полицијата туку и специјалните сили слободно ќе одат на северот на државата.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пак, се надева дека сепак ќе се најде компромисно решение кое ќе одговара и на Србија и на Косово и конечно тензиите ке завршат.
Подготвено од М.Н.