15.08.2022 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска излезе со изјава дека е важно да не им се отежнува на противниците на Кремљ да ја напуштат Русија, иако, додаде дека има простор за дебата на европско ниво за забраната за пристигнување на руски туристи.
Шолц по состанокот со лидерите на нордиските земји во Осло, рече дека важно е да се разбере дека има многу луѓе кои ја напуштаат Русија бидејќи не се согласуваат со рускиот режим.
Претставници на неколку евртопски земји, вклучително и финската премиерка Сана Марин, која се состана во Осло, повикаа на руските туристи да им се забрани влезот во ЕУ за да се осигура дека и тие ќе ја платат казната за нападот на Русија врз Украина.
Подготвено од М.Н.