24.08.2022 Скопје
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски изјави дека врз фактите и околностите, Советот донел одлука, додека се води кривичната постапка за постапување при претресот во Управата на Финансиската полиција и по предметот отворен по анонимната пријава, јавната обвинителка Вилма Русковска да биде одалечена од работата со цел да не влијае со своето присуство врз текот на постапката по предметот, како и да се утврди фактичката состојба по кривичниот предмет.
Тоа беше тешка одлука, кажа Јолевски, бидејќи од една страна доаѓа Основен јавен обвинител кој треба да гони организиран криминал и корупција а од друга страна имаме Јавен обвинител. Несоработката меѓу Русковска и Љубомир Јовески доведе до овие непријатни ситуации, во оваа фаза бидејќи не се работи за дисциплински предмет туку оддалечување од работа, ние не решаваме за одговорноста, надлежна за дисциплинска постапка е дисциплинската Комисија на ОЈО. Јолевски кажа дека тие само вршеле проценка дали Русковска треба да биде одалечена од работа, додека трае кривичната постапка за Управата на Финансиската полиција, бидејќи кај нив сосема е исклучена дисциплинската постапка, тие расправаат само за кривичната постапка.
Советот, посочил Јолевски, е тука да ги заштити јавните обвинители, доколку има влијанија и притисоци но досега до Советот, Русковска се нема обратено да побара да ја заштити, ако имало некакви влијанија.
Советот на ЈО работи со осум до 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани а на нивно место нема избрамо нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси.
Подготвено од М.Н.