https://www.facebook.com/photo/?fbid=604367047722775&set=a.396476058511876

02.08.2022 Скопје

Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, и покрај предупредувањата од Пекинг, пристигна во Тајпеј.

Од официјален Пекинг предупредија дека доколку ја оствари посетата, сериозно ќе ги загрози односите меѓу Кина и САД, но конгресменката порача дека посветеноста на САД за демократски Тајван е поважна од кога било. Ова е прва ваква посета на толку висок американски функционер во последните 25 години.

Администрацијата на Џо Бајден се огради од можната посета, истакнувајќи дека Ненси Пелоси не ги потврдила ваквите свои планови. Но, нејзината посета сепак доби поддршка од нејзините колеги, со што сенаторите се со став дека не може комунистичка партија на Кина да диктира каде можат да патуваат американските функционери.

Пелоси која е на Азиска турнеја, иако пред да слета во Тајпеј имала мала воздржаност, сепак се одлучи да го посети островот, со што предизвика дополнителен револт кај Кина. За Пекинг, ова е грубо кршење на политиката на „Една Кина“ и најавија дека земјата ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на државниот суверенитет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author