03.08.2022 Скопје
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Северна Македонија секојдневно расте.
Сепак, и покрај зголемената бројка на пациенто со Ковид-19, професорот Пановски смета дека за сега не се потребни нови мерки, затоа што во споредба со она што се случуваше есента, намален е бројот на хоспитализации и смртни случаи.
Според д-р Пановски, пикот со варијантата на Омикрон БА5 се случува сега и би требало да се намали до почетокот на новата учебна година. Воедно, Пановски изјави дека најголемото ширење на вирусот сега е поради топлиот период кога луѓето, за да ги избегнат горештините, се во затворени и климатизирани простории и токму затоа вентилација на воздухот со филтри за прочистување во затворено е многу важна.
Подготвено од А.Ѓ.