21.08.2022 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој и се обрати на јавноста по повод разговорите меѓу Белград и Приштина одржани во цетвртокот во Брисел, рече дека клучната порака до србите на Косово е дека без разлика на се што ќе биде, бегалски колони нема да има. Зборувајќи за преговорите во Брисел, Вучиќ изјави дека албанците сами решиле да спроведат еднострани акции и дека Приштина има две цели а тоа се укинување на србската држава во Косово и протерување на Србите. Белград предложи КС (Косово) таблички кои се статусно неутрални, но Курти рече дека сите мораат да имаат РКС (Република Косово) таблички. Поентата на се ова, изјави Вучиќ е што ние и да прифатиме или не прифатиме, тие отфрлаат се, и побара од НАТО да си ја заврши работата, да им обесбеди мир на Србите на север од Косово за да не бидат загрозени од албанската полиција.
Вучиќ во цетвртокот од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, рече дека тоа е тежок ден за Србија и истакна дека ќе продолжи да се бори за мир и стабилност во регионот.
Подготвено од М.Н.