https://www.facebook.com/photo/?fbid=2073642149336567&set=a.300433335464269

30.08.2022 Скопје

Наставата во новата учебна година 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта без антиковид-протоколи и обврска за носење на заштитни маски. Учебната година задутре ќе започне за околу 255 илјади основци и средношколци. За учениците од второ и петто одделение ќе има нови наставни програми според Концепцијата за основно образование која од минатата година почна да се спроведува етапно.

За овие ученици, како и за прво и четврто, учебниците ќе доцнат поради измената на наставните програми кои се во различни фази на обновување. Министерството за образование и наука соопшти дека за да се задржи континуитетот, заедно со бирото за Развој на образованието има подготвено соодветни наставни материјали за овие ученици од кои ќе учат од почетокот на учебната година.

За останатите одделенија, за кои важат старите наставни програми, како и за средното образование, учебниците ќе бидат навреме доставени, информираа ос Министерството за образование.

Подготвено од М.Н.

About Author