https://www.facebook.com/photo.php?fbid=610999230392217&set=pb.100044464358055.-2207520000..&type=3

28.08.2022 Скопје

Дополнителното намалување на ДДВ-то не би имало големо влијание на цената на електричната енергија, бидејќи таа на слободен пазар е над 1000 евра, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски по барањето на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени за компаниите.

Ковачевски нагласил дека ова прашање е веќе разгледувано на Економскиот совет и штом ќе ги имаат пресметките, Владата ќе интервенира во тој дел. Премиерот посочи дека клучно во следниот период е да се направат заштеди на електричната енергија секаде каде што е можно.

Што се однесува до маржите на трговците со електрична енергија, прво треба да се направат анализи и тоа од страна на Регулаторната комисија, да се видат колку се големи тие маржи и дали воопшто има маржи на овие цени на електричната енергија. Ако треба ќе се намали повторно ДДВ-то, но со цел да имаме непречено снабдувањена електричната енергија треба сите заедно она што го имаме како задача, сите ресори во Владата и компаниите да ја почитуваат донесената мерка за штедење која ќе стапи на сила од 1 Септември.

Подготвено од М.Н.

About Author