https://www.facebook.com/photo/?fbid=617334846425322&set=pcb.617334986425308

24.08.2022 Скопје

Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека во координација со градоначалникот на Општина Арачиново и раководството на ЕВН, е најдено привремено решение за снабдувањето на електрична енергија на жителите на Арачиново.

Ова решение е секако само привремено, но со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Треба да вложиме максимални напори за да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет, и да не ја влошуваме моменталната состојба со енергетската криза, напиша министерот за економија Бектеши на неговиот фејсбук профил.

Голем дел од жителите на Општина Арачиново два дена немаа струја, а дел од жителите излегоа и на протест пред канцелариите на ЕВН.

Подготвено од М.Н.

About Author