https://www.facebook.com/photo/?fbid=442937354526330&set=pcb.442937801192952

24.08.2022 Скопје

Истовремено во 50 држави во светот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, денеска беше пуштена украинската химна по повод обележубањето на Денот на независноста на Украина, 24-Август. Обележувањето на плоштадот Македонија во Скопје, го организираа од Амбасадата на Украина во државава и Здружението на Украинци во Северна Македонија „Лесја Украинка“. На одбележувањето поддршка дадоа и амбасадорите на Германија, Соединетите Американски Држави, Холандија и Шведска во Северна Македонија.

Олександер Урбановиќ од Здружението „ Лесја Украинка “, се заблагодари на Северна Македонија за помошта, опишувајќи ја како мала земја со лавовско срце. Урбановиќ порача дека е изненаден од толку голем број на луѓе, бидејќи не очекувал толку големо присуство и никогаш нема да го заборави овој толку значаен ден кој е многу посебен за сите Украинци.

Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 Декември истата година. Службен јазик во државата е украинскиот, а доминантна религија е православието.

Подготвено од М.Н.

About Author