29.08.2022 Скопје
Во опсерваторијата Кокино се наплатува влез буквално под круша, на парагон блок. Фискална сметка секако нема. Со влезот не добивате ништо, одите по каллив и прашлив пат, без туристички водич. Не добивате ниту некакви дополнителни информации, забележал директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски.
Јаневски вели дека Кокино не е единствениот ваков пример. Мислам дека институциите под кои е Кокино треба да превземат повеќе мерки, да ги следат позитивните практики од други вакви или слични локалитети во регионов, бидејќи ова е опсерваторија која е признаена од НАСА и е една од ретките чуда во светот.
Треба да се овозможи достојно представување на нашите атракции и Јаневски потенцира дека постојано добива поплаки од граѓани за несоодветен третман на голем број наши атракции и локалитети.
Подготвено од М.Н.