https://www.facebook.com/photo/?fbid=376317778012089&set=pb.100069016095883.-2207520000..

20.08.2022 Скопје

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на промоцијата на 590 нови полициски службеници-генерација 2021-2022 година, која се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово, изјави дека без разлика на етничката или верската припадност, новите полициски службеници ке носат иста униформа и ке имаат една заедничка цел, а тоа е да се борат против заедничкиот непријател на нашата држава, а тоа е криминалот. Припадниците на Министерството за внатрешни работи се гарант за јавниот ред и мир, за нашата безбедност и сигурност, порача Пендаровски.

На новите полицајци им порача дека граѓаните токму во нив гледаат мотивирани, посветени професионалци кои одговорно и доследно ќе ги извршуваат своите задолженија, ќе и служат на својата земја и ќе го штитат животот и имотот на своите сограѓани.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на новите полициски службеници кои денес дадоа свечена изјава им честиташе за успехот и нагласи дека оваа генерација полицајци го имаат остварено најдобриот резултат во последните 10 години. Спасовски потенцираше дека успешното функционирање на безбедносниот систем е основа за функционирање на правна држава.

На промоцијата се обрати и помошник министерот на Центарот за обука, Сузе Трајковска, која посочи дека обуката се состоела од теоретска настава и ситуациони вежби и од практичен дел.

На церемонијата беа доделени плакети за 18 најдобри кандидати од оваа генерација, а за најдобар беше прогласен кандидатот Стефан Митановски, на кого му беше доделена свечена плакета од претседателот на државата.

Подготвено од М.Н.

About Author