28.08.2022 Скопје
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, изјави дека војната во Украина може да трае со години и дека поради оваа причина нејзината земја мора да продолжи да обезбедува вооружена помош за Киев.
Таа посочи дека Украина ги брани слободата и сведскиот поредок и дека Германија на таа земја ќе и обезбедува финансиска и воена поддршка се додека тоа е потребно. Министерката за надворешни работи го поддржа барањето на Украина да се врати Крим и кажа дека рускиот претседател Владимир Путин имал „ луда идеа “ дека ќе ја окупира Украина за многу кратко време, но секако тоа нема да се оствари.
Министерката Бербок предупреди дека последиците од војната ќе се почуствуваат и во Германија, дел од планот на Путин е и социјалната поделба но ние мора тоа да го спречиме.
Тоа ќе биде трнлив пат, но дел од политичката одговорност е да се ублажат социјалните последици поради високите цени на енергијата, појасни министерката Бербок.
Подготвено од М.Н.