https://www.facebook.com/photo?fbid=394033812765654&set=pcb.394033866098982

12.08.2022 Скопје

Адмирал Вандие, началникот на Генералштабот на француската морнарица, во неодамнешното сослушување пред Комисијата разговараше за одбрана на Националното собрание, но се осврна и за можната конфронтација со Кина, потенцирајќи дека против кинеската морнарица, ќе се победи доколку се води заедничка борба.

Началникот на Генералштабот на француската морнарица, во 2020 година беше загрижен за многу наметливото и освојувачко однесување на Кина во однос на територијалните води, со што пред Националното собрание во 2021 година предупреди на повторното вооружување на морето, особено за Кина. Воедно, пред Комисијата за национална одбрана и вооружени сили предупреди на значителното засилување на кинеските поморски сили во последните години.

Адмиралот Вандие, во текот на својот говор, ги впиша своите забелешки во француската доктрина за победа во војната пред војната, донесена од актуелниот началник на Генералштабот на вооружените сили генерал Буркхард. Исто така, адмиралот Вандие, потсетувајќи се на развојот на воената моќ на нациите како Кина, се заложи за зголемување на финансиските ресурси на француските армии во перспективата на следниот Закон за воено програмирање.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *