https://www.flickr.com/photos/sigmundsteiner/5535831024/in/photolist-9rbzGu-9rbzSA-9rbzk3-9r8B4a-9rbzC9-9r8BQ6-p79f3w-9r8Brv-9vZQW5-AQFUeK-Bm9szh-BnAYv1-MUjHcg-LWP6TY-cdeK3b-BF2cyC-BHjGC2-E9z6xw-BQQoVR-BhjzB6-BottR5-9AFuk7-9y1V3Z-aJ8JG2-2n2AaeK-LWP6Sq-LWPs9h-MUjJp6-MRet6j-LWP6GL-MUjJfD-MUjJuX-LWP7zC-MseseS-9ySTFL-MsesnY-LWP77d-MReuMq-Mses7N-MUjJkD-Mses5y-LWP7j7-LWP6fU-E3DRRK-2n2BSMt-E3DvPF-DevbzD-E1sDWY-E9yLbq-E1rNDE

31.08.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре пред претстојниот совет на ОБСЕ во Виена, ќе ја претстави приоритетната рамка на претседавањето на Северна Македонија со оваа организација во 2023 година.

Министерството за надворешни работи во соопштението, активно се подготвува за превземањето од актуелниот претседавач-Полска и презеде серија активности во функција на операционализација на доверениот мандат во 2023 година.

Во Виена, шефот на дипломатијата Османи ќе оствари средба со генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмид, со постојани представници на земјите учеснички, а предвидена е средба и со сојузниот министер за европски и надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, стои во соопштението од МНР.

Преку активен дијалог со релевантните државни институции, земјите учеснички и извршните структури на ОБСЕ, беше развиена прелиминаарна рамка на приоритети преку која ќе имаме директен придонес врз политиките поврзани со трите димензии на ОБСЕ, политичко-воената, економијата и животната средина и како трета е хуманата димензија, наведуваат од МНР.

Подготвено од М.Н.

About Author