https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/289828227_525201682734484_3889395612859738939_n.jpg?_nc_cat=110&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=Dd0uwhIsx48AX-spd80&tn=Z_7vCC1yHiPuGhHQ&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT9updYUbIoA7mRQDpbquz73uERWxX6Oeuk_J00G2wyBvg&oe=62D1691B

07.08.2022 Скопје

Сашо Мијалков, поранешниот шеф на тајната полиција, побарал одложување на издржувањето на затворската казна за две недели, па наместо од утре да го почне издржувањето на тригодишната затворска казна, сега тој во струшкиот затвор треба да се јави на 22 Август.

Поранешниот шеф на тајната полиција ја призна вината во случајот „Империја“ и се спогоди со Обвинителството. Мијалков освен затворската казна, ќе остане и без 6 милиони евра во кеш и недвижен имот во вредност од 30 милиони евра.

Исто така, Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски ја признаа вината и се спогодија со Обвинителството.

Сите обвинети ја сменија адресата на живеење од Скопје во Охрид и затворската казна ќе ја издржуваат во струшкиот затвор. Мијалков освен адресата на живеење, во Охрид го префрли и седиштето на една од неговите фирми.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author