31.08.2022 Скопје
Претседателот на опозициската партија на Северна Македонија во текот на денешниот ден оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Германскиот Бундестаг, Михаел Рот. На средбата од страна на претседателот на опозициската партија беше истакната благодарност за помошта која до сега сме ја имале како држава од страна на Германија, како на патот кон евроатланските организации така и на економски план.
Претседателот истакна дека моментално владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата, и дополнително сите чекори кои ги носи, ја водат државата во неизвесност и катастрофа.
Претседателот на опозицијата посочил и дека владата воопшто нема капацитет да се справи си кризата која сто ја имаме, и дека во голема мерка е резултат на домашно генерирана работа и криминал.
Претседателот на опозицијата на Северна Македонија истакнал исто така и дека народот бара надеж, и дека под хитно се потребни предвремени избори и промена на власта. Дополнително биле истакната и заложбата на партијата за членството во ЕУ.
Подготвено од М.Н.