https://www.facebook.com/photo/?fbid=611645116994295&set=pcb.611645196994287

17.08.2022 Скопје

Мерките што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто ќе стапат на сила од 1ви, следниот месец. Одлуката ја донесе Владата на вчерашната седница и со неа за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија. Министерот за Економија Крешник Бектеши, на прес-конференција изјави дека ни предстои една од најтешките зими на енергетски план, и не само за нас, туку и за сите земји во регионов и Европа. За полесно да се справиме со ситуацијата што не очекува, подготвен е план и препораки за заштеда на струја, кажа Бектеши. Мерките се поделени на повеќе категории, зависност дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции или претпријатија во државна сопственост.

Исклучување на декоративното осветлување, гаснење на сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење на клими на не пониско од 27 степени и греење на не повисока од 20 степени, исклучување на компјутерите по завршувањето на работата, замена на прозорците со енергетски ификасни се само дел од задолженијата за државните институции.

На домаќинствата им се препорачува вклучување бојлер само кога има потреба од топла вода и по можност на ефтина струја, разумно користење на грејните тела, рационално користење на сијалици и користење повеќе на дневно светло, како и изолирање на таваните, надворешните ѕидови и прозорци, соопшти министерот за економија Бектеши.

Подготвено од М.Н.

About Author