https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.flickr.com%2Fphotos%2F91930866%40N03%2F8358099596%2Fin%2Fphotolist-dJzrPs-2mPocMm-nuk7Nf-ehVMW2-7GSuk9-nukvag-2gdbmyq-XSyxtb-nLLU67-58aA13-2mPm8LU-nLLX5J-LMvyrD-9QAGPg-dCKh5x-nuksVg-9Kktu9-zz2Nom-nLPA2X-nJM2Bo-fScKDS-4UPqZ3-pmmVKi-nuk8qN-bUxAY8-dUPZqF-cJiaNh-7z9ART-eni6en-cTpEKm-dyRM5g-nuk883-e4xD2V-nJM1Tj-fSdPNJ-nLwqvc-nLPxvV-nukvP2-7z9ANe-7z9AUV-7GT5Z7-cUbCYs-2cEyF4w-BQqgKY-nLPCR4-nLwCKx-nujZfY-7zdnZU-7zdnwj-fdKQVX%3Ffbclid%3DIwAR2CJRSVJKrYzml2Ooie3kzhrOaLfVUi21wFBgWwkD-z2s9fz4Y3EcLB8NQ&h=AT18c8XMhas6a2AHh95ftnYaSMaVhWk2JXbJw765T0Af8W6j8QhsOdDYdQ-dyfpzPv6iPz8Rp431v7iScKSoYmPd_GtfHJNAszPcObMSvqgeB2qN9zFaodZOTW9tZguR9Ygf

10.08.2022 Скопје

Во анкетата на Агенцијата за електронски комуникации, триесет и девет проценти од испитаниците истакнале дека малолетните лица во нивното домаќинство, во просек, поминуваат и повеќе од пет часа приклучени на интернет.

Се забележува тренд на раст во бројот на домаќинствата, во последните четири години, каде интернет пристапот го користат и малолетни лица. Околу 44 проценти од испитаниците, во 2022 година, одговориле дека малолетни лица користат интернет во нивното домаќинство, а 86 проценти одговориле дека малолетните лица користат интернет секој ден.

Во последните пет години, според испитувањето, бројот на корисници на интернетот во домаќинството се зголемил за 10 проценти, од 79 проценти на 89 проценти. Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, околу 30 проценти ја знаат брзината на интернет конекцијата што треба да ја обезбеди операторот, а од нив 77 проценти сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество податоци од интернет провајдерот.

Во 2022 година, само 29 проценти од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција во домаќинството, а оние испитаници кои се соочиле со некаков проблем при користење интернет во домаќинствата се соочиле со непостојана брзина на конекцијата, прекини или недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема.

Во последнава година, поради прекини или недостапност на услугата, 38,4 проценти од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и за 55,7 проценти од испитаниците проблемот кој го пријавиле им бил отстранет истиот ден.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author