https://www.facebook.com/photo/?fbid=1832261630339748&set=a.484020496413205

24.08.2022 Скопје

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги предупреди Французите на голема промена која ќе биде донесена наскоро и која ќе значи крај на изобилството и негрижата. Можеби изгледа дека моментот во кој живееме е структуиран од серија на сериозни кризи и можно е некој да ја гледа нашата судбина како постојано управување со кризи или вонредни ситуации. Што се однесува до мене, верувам дека она низ кој што поминуваме е повеќе голема промена или голем пресврт, рече Емануел Макрон. Очекувам владата да го почитува дадениот збор и обврските кои ги превзедовме кон нашата нација, додаде Макрон.

Претседателот ги повика и сите министри, да не подлегнуваат на демагогија и да бидат сериозни и кредибилни во врска со големите промени кои ќе бидат наскоро донесени.

На оваа нова ситуација, нашите сонародници би можеле да реагираат со голема вознемиреност и затоа ја повикувам владата и сите членови на владата да ги именуваат работите многу јасно за да секој може да ги согледа без да има катастрофални последици, кажа претседателот на Франција.

Подготвено од М.Н.

About Author