17.08.2022 Скопје
Еден од најголемите македонски голмански таленти Васко Василев, кој што играше во Вардар, а во 2019 година замина во белградската Црвена Ѕвезда е на чекор да замине во Академијата на двојниот европски првак Порто, кој е еден од најголемите клубови во Португалија.
Василев е веќе три недели во Порто каде тренира, откако ги собрал симпатиите со настапите за младата селекција за Македонија, па Португалија не чекаше многу време за да го викнат во својата Академија и многу извесно е дека ќе стане член на овој славен португалски киуб. Доколку Василев потпише договор со Порто, ќе биде втор македонец во овој славен клуб, прв во фудбал, бидејќи ракометниот репрезентативен голман Никола Митревски, веќе три години е дел од ракометната селекција на португалскиот великан а годинава потпиша нов договор со португалскиот гигант.
Подготвено од М.Н.