31.08.2022 Скопје
Пратеникот на германскиот Бундестаг, а воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика Михаел Рот, ќе оствари средба со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски во Скопје. Рот на социјалната мрежа Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, но нема да остави да чекориме сами по тој пат, бдејќи Македонскиот е јазик во Европа на културни различности.
Германскиот пратеник Рот ќе оствари средба и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Германскиот пратеник беше примен и од претседателот на законодавниот дом во Северна Македонија, Талат Џафери, а оствари средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски.
Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во германскиот Бундестаг ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи.
Подготвено од М.Н.