https://www.facebook.com/macedonianbasketball/photos/pcb.1478871932627658/1478870505961134/

28.08.2022 Скопје

Македонската кошаркарска репрезентација со одлична игра во одбраната во последната четвртина дојде до победа над Словачка од 79-75 во меч од предкфалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 година.

По победата над Данска, Македонија требаше да ја совлада и Словачка за да комплетира успешен старт на предквалификациите, и тоа и се случи.

Македонските кошаркари се помачија за да дојдат до триумф повеќе отколку што се учекуваше од нив но на крајот успешно заврши мечот.

Во нашата група се одигра и мечот меѓу Норвешка и Данска, норвежаните победија со 99-75. По две одиграни кола, Македонија и Норвешка имаат по две победи а Словачка и Данска по два порази.
Следниот меч на Македонската репрезентација е на 10 Ноември, кои ќе играат против Норвешка, мечот ќе се оддржи во Скопје.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *