https://www.flickr.com/photos/denverjeffrey/7286972528/in/photolist-c6VD4o-7w97xr-2hQxP93-vEQ6T-2nu3vrA-2n6D2SG-FSgxeP-2jMGLXP-2kNACZY-2k1M7GH-Y7PER2-XXo7J7-Df2an2-2io3jdf-2mkaGjV-ba3RPz-2ncqwrP-Yy5bFT-2mBrUv2-2mYB2SL-2nd16gz-bKhfuv-2nd8yKq-2naVEca-5Mv358-bwnvxq-2n8ULW4-6hzJUu-2mkDNmV-4nCDV-2n3fVHV-2mUHvuS-231HhJR-2nd1B71-RuAyQi-2mzGByp-2mUVLLu-dTz7P7-2neZvQn-5Yjt6A-2mZt2iK-2mBhw38-6q67GR-bNUxD4-TRzx4v-4neooY-2nd8kVT-6sWPx1-5PBWjU-a7o2k1

11.08.2022 Скопје

Нагип Красниќи, извршниот директор на Косовската енергетска корпорација (КЕК), соопшти дека во следните денови ќе биде објавен тендер за продажба на јаглен. Воедно, додаде дека енергетската корпорација на Северна Македонија-ЕСМ е заинтересирана за купување и дека досга постоеле преговори меѓу корпорациите на двете земји за размена на јаглен и електрична енергија, но засега нема конкретни договори.

Критериумите на тендерот се определени, но подоцна пазарот ќе каже која ќе биде цената на продажбата на косовскиот јаглен.

Красниќи нагласи дека Косово не е подготвено за извоз на големи количества јаглен, а барања на пазарот има поради светската светската енергетска криза.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author