https://www.facebook.com/photo/?fbid=408648277923296&set=a.408648237923300

27.08.2022 Скопје

Северна Македонија е 29-ти најголем извозник во светот и втор во регионот, со вкупен извоз во вредност од 61,4 милиони долари, покажува минатогодишното рангирање Worldstopexports.

Согласно податоците од Државниот завод за статистика, македонските вина најмногу се извезуваат во регионот, но има успешни извози и во западот на Европа и во Кина. Под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ оваа година за прв пат ќе се оддржи и првиот меѓународен саем за вино,храна и туризам во Белград од 1 до 4 Септември 2022 година.

Од Северна Македонија ќе учествуваат 42 винарии и три дестилерии кои ќе се представат со певеќе од 300 различни видови на вина и ракии и повеќе од десет производители на храна кои ќе ја представат афтентичната македонска кујна.

Ќе биде организирано и меѓународно оценување на виното од 25 меѓународни судии, а пет од нив се носители на најпрестижната титула во светот на виното – MASTER OF WINE.

Подготвено од М.Н.

About Author