04.08.2022 Скопје
Дали по тенковите, Македонија ќе и ги донира и единствените борбени авиони на Украина?
Од Министерството за одбрана информираа дека точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Воедно, додадоа дека со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на Армијата на Северна Македонија.
Македонија во јуни 2001 година, во екот на конфликтот, купи четири борбени авиони Сухој „СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед, со што авионите имаа неколку борбени летови во конфликтот, како поддршка на копнените дејства на безбедносните сили.
Во 2003 година, Македонија декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а веќе во 2004 година авионие беа приземјени и конзервирани. Додека пак, Министерството за одбрана во 2005 година и формално ги отпиша авионите од евиденцијата на опремата и вооружувањето на АРМ.
Во текот на изминатата недела, Македонија и донираше тенкови Т-72 на Украина, но на таа донација реагираше официјална Москва и посочи дека донацијата е голема грешка на властите во Скопје.
Подготвено од А.Ѓ.